Sunday, May 06, 2012

Тагата повторно бара внимание...чека трпеливо, и лукаво чкрта по ѕидиштата на моето срце...гребе нечујно, и ползи низ малите пукнатини...итро се прикрива во некаква меланхолија сакајќи да го украде и тоа мало парче радост..знакот „стоп“ не го препознава..и не го признава...доаѓа неповикана од аголот скриен во попатната станица... 

Wednesday, April 04, 2012

Сè е како порано, ама ништо не е..во моите длабочини го препознавам мирот што ме обвиткал...сладок мир, кој ветува одмор...одмор што ми е толку потребен...по силната бура на чувства, сега повторно стојам исправено, со крената глава кон височините...и знам дека како и сонцето што зајде вчера, така зајде и мојата тага...во Него!

Wednesday, March 21, 2012

Ја следам светилката
што вешто ме одминува
Ги следам погледите
што скриено ме испрашуваат
Ме следи Месечината
од која немо се кријам
Се кријам...

Sunday, February 26, 2012

Знакот гордо стои пред мене...немо...без глас стојам и јас...како двајца пријатели, кои се разбираат и во тишината...се разбираат за целта што е пред нив...секој за својата...дилемата се испречува меѓу нив...полна со себе и бестрашна....кој пат да го изберам? се запрашав....го барав одговорот, кој вешто се криеше во спакуваните нешта што бараа внимание, кое го немав...продолжив да стојам, продолжив да барам.....

Followers