Thursday, January 03, 2008

СНЕГ

Кога врне снег
Како да се обидува небото
Да ми ја потрупа тагата.

Кон сртот јазат елени
Не од снег
Туку од тага

Побелени.

Михаил Ренџов




РАЗДЕЛБА

Заминуваш и не се вртиш.
Страв прастар страв од скаменување
Е она што во тебе ’рти
ко бол од едно одминување.

Заминуваш и носиш многу
во таа своја нема закана
без пораки без прошка и без збогум
смраморена и неизнаплакана.

Заминуваш заитана без глас
со прпот на преплашена препелица
Исчезнуваш во невратка и в час
стануваш сенка во невиделица.

Гане Тодоровски


Followers