Monday, April 23, 2007

Мојата рана поезија!

Остани...
Ти што следиш бесконечни ѕвезди
Одмори се за миг...
Уморно бледо лице
чита смрт
во долината на мечтите..

Остани...
во мигот на бесконечниот простор...
на времето
Тешки камења лежат во долината на мечтите...
се тркалаат оставајќи трага..
на уморното бледо лице
што чита смрт..

14.12.1995 г.

Квечерина
го покрива градот...
со вечно спокојство...
Немирно си поигрува
исконската надеж со црвените рози
забодени во градската ограда...
Слушајќи ја приказната разлеана во неповрат.

Осамени камења покрај патот..
жежок асфалт, мирис на катран
под прозорецот на вечната младост..
Бесмртност во блиската далечина..
Бесмртност во реалната вистина...

04.04.1996 г.

Thursday, April 05, 2007

И така...

Чекам автобус...број 19...седнувам покрај прозорецот...отворам книга и се нурнувам во нечиј имагинарн свет...лицата се менуваат и ме одминуваат...и јас ги одминувам...ги бројам чекорите до мојата крајна дестинација....ги бројам скалите...и пред мене врата...влегувам и седнувам за миг...да, да уште еден ден...се надевам различен....водата се топли...мммм...ми се пие кафе! Тивко време со мојот Бог...убавина...предизвик...тишина...топлина во срцето!!
Вести...нови и стари...го одвлекуваат моето внимание....не долго...Блогови...нови и стари .... ме смеат, ме замислуваат...
Разговор....работа....разговор...гости...пошта...одбројување на последните минути....чекам автобус...број..кој ќе дојде...конечно дома...ммм...мириса на убаво јадење...потоа одмор...го набљудувам прекрасното небо....ветување мир...спокојство....височини...исполнетост....комплетност!!

Followers