Tuesday, November 30, 2010

МИСЛИ

Ги сакам утрата...и онаа тишина што повикува да се смириш и да ги почувствуваш нежните треперења на душата...поглед кон пространството и воздишки безброј...и оној Глас што шепоти и носи надеж за повеќе, скриено некаде...и чека да биде откриено...во внатрешните димензии на битисувањето...

Ги сакам деновите...и предизвиците што се распослани пред моите нозе...и радостите и тагите, солзите и смеата...и поканите да се погледне во нечии други очи, во нечии други срца...и одговорите што носат спокој...

Ги сакам вечерите...и самракот што најавува одмор...и небото што предизвикува воодушевувања...и бескрајот што плени...и посакувањата да допреш барем еден непознат свет...

Followers