Thursday, June 21, 2007

Ако сведнам понекогаш глава

Кога веќе сме кај поезијата, еве нешто од Ацо Шопов, еден од моите омилени македонски поети:

Ако сведнам понекогаш глава
понекогаш ако паднам в очај
и во мртви зеници се јават
мртва тага и злослутен сјај-
о, не мисли осамен да си!
Радост носам исто како и ти-
тоа само ко ехо се гласи
некој спомен од детските дни.
И не иди, не теши ме милно,
само ќе мине овој облак лош
и очите ќе ми светнат силно,
окапени во смеа и дожд.

Monday, June 04, 2007

Желба ми е Боже....Да бидам во постојана свесност за тоа дека Ти се грижиш, ме разбираш, ме сакаш... Мислата за Тебе да биде длабоко вкоренета во моето битисување и да престојува таму со силен ритам на постојана живост...

Friday, June 01, 2007

Roland Garros 2007



Во тек е тенискиот турнирот Roland Garros 2007 во Париз. Му посакувам на мојот омилен тенисер Roger Federer да ја освои титулата и на овој турнир. Доколку ја освои, тогаш ќе ги има сите четири Grand титули и ќе биде меѓу ретките тенисери кои ги имаат освоено сите четири. Има многу да се каже за Federer, одличните познавачи сметаат дека тој е еден од најдобрите тенисери во историјата на тенисот, движењата се речиси доведени до совршенство, неверојатна концентрација, упорност... доволно е да се следи неговата игра и да се заклучи дека е неверојатен талент!

Followers