Tuesday, February 13, 2007

Неколку закони....Марфиеви и други..

Коит-Марфиевиот закон за силата на негативниот пристап

  • Невозможно е оптимистот да биде пријатно изненаден.

Четврти Фортингамов закон

  • Итноста е обратно пропорционална на важноста.

Луисов закон

  • Колку и долго или напорно нешто да си барал по дуќаните, откако тоа ќе го купиш, тоа истото се ќе се појави поевтино на некоја распродажба.

Етереовото забележување

  • Другата редица се движи побрзо.

Запов закон

  • Постојат две нешта на земјата кои се универзални: водород и глупост.

Закон за доаѓање

  • Кој живее најблиску доаѓа последен.

Законот на Витен

  • Кога и да ги потсечеш ноктите, ќе ти притребаат еден час подоцна.

Оливеров закон

  • Искуство е нешто кое го стекнуваш кога веќе не ти треба.

Законот на Боклејг

  • Кој последен се смее-не го разбрал вицот.

Советот на Еделстајн

  • Не се грижи што мислат другите за тебе. Тие се презафатени со грижата што ти мислиш за нив.

Тесеов закон

  • Колку помек леб, толку потврд путер

Патонов закон

  • Подобро добар план денес отколку совршен план утре.

Втор закон на Ван Рој

  • Ако знаеш да разликуваш добар од лош совет, тогаш совет не ти треба.

Првиот дебатен закон

  • Никогаш не се расправај со будала-луѓето можеби нема да ја видат разликата.

Првото правило на историјата

  • Историјата не се повторува-историчарите едноставно се повторуваат меѓусебно.

Бартова дистинкција

  • Постојат два вида луѓе: оние што ги делат луѓето на два вида и тие што тоа не го прават.

1 comment:

Elanor said...

Mi se dopaga sovetot na Edelstajn.

Followers