Thursday, January 04, 2007

Неискажано ехо...

Во миговите кога копнеам да го споделам мојот внатрешен немир, не наоѓам никој...како токму ова смрзнато време да ги врамило сите во еден простор...невидлив, силен, отуѓен од мене...од моето постоење...А внатре...необично однесување спротивно на природната спонтаност што се раѓа кога сум во свет полн со рационалности, јасности и силна стегнатост! И немост...зборови што толку јасно ги слушам...прават конфузна бучава во мојава глава..им отстапувам место и се прашувам зошто се толку силни, опипливи под моиве прсти...честопати во мојата зачуденост за она што е пред мене се кријам во целосното воодушевување за она што мојот ум сака да го досегне... и повторно неуспех.. и повторно сум во кожурец...скриена од милионите гласови...
И во потрагата по мислите што вешто бегаат се загубив во пелтечењето на мојата душа...забележав немо провлекување низ моиве гради...бодеж што ми откри две страни од себеси...првата спирално извртена и загубена и втората, прецизна со јасна насока во времето што се ближи....и продолжувам повторно со надеж...

2 comments:

Urban Mystic said...

Hhmmm...mnoogu fino!

eliora said...

Fala urban mistik...se nadevam deka go procita i ona megju redovi...

Followers