Tuesday, November 28, 2006

Благослов!

Се скрив во Твојот дом и почнав да живеам...
со целосна радост... се насладувам од Твоите убавини
и уживам во Твоите ризници со благослови за мене!!

Благослови за мене?! Да! Благословот дефинитивно има врска со давање и примање. Денес иако не се зборува многу за благословување други, во библиско време тоа било витален дел на животот. Да се благослови некој значело многу работи...значело да се охрабрува, да се посветува некој на Бог, молитва за друг...исто така значело да се предизвикаат луѓето да живеат живот посветен на Бог....благословувањето значело да се предизвикуваат луѓето да се држат за духовните работи....благословувањето значело и молитва за изобилство и напредок за другиот...исто така значело и предавање на наследството на следното поколение....Бог е Изворот на благословите....да се примаат Божјите благослови значи не само уживање во даровите како што се животот, радоста, мирот, изобилството, домот, здравјето, слободата.....туку еден подлабок и посебен начин на заедништво со Бог...правилна врска со Бог .... врска која ќе се живее и ќе се практикува. Врска во која ќе се искусуваат Неговите благослови исполнети со надеж, радост, мир ... Неговите благослови доаѓаат секој ден!
Галатите 5:22-23 Биди благослов на другите!!

1 comment:

Anonymous said...

Bozhji blagoslov na tebe Sonja :)

Followers