Tuesday, December 14, 2010

Врата

Поминувајќи покрај старата дрвена врата нешто го сопре...некаква светлина пробиваше од трулото дупче на вратата. Внимателно погледна лево и десно, да види дали има некој во близина и полека и бесшумно го издолжи окото и како исплашено дете, ѕирна...

Неговата љубопитност растеше кога го откри скриениот свет од другата страна....не очекуваше таква возбуденост....го слушаше силното чукање на споственото срце и мислеше дека ќе експлодира.....повеќе не му беше важно дали некој ќе го забележи...тој уживаше и посакуваше ова чувство никогаш да не престане....се насладуваше од помислата дека е сведок на ваква несекојдневност...еуфорија во неговите сетила...и само каква упорност излегуваше од неговата решеност да остане до крај, без никаква трошка срам. Фигурите немо дефилираа пред него и не беа свесни дека некој ги набљудува, дека некој се насладува од нивната мизерија што сееше љубопитство...и што ако нечујно шетаа неговите мисли, сепак, знаеше дека некој ги слуша...но, не беше важно! Тој сѐ повеќе влегуваше во светот што нудеше нешто сосема поинакво, нешто што толку силно ги скокоткаше неговите сетила, го убиваше силното противење дека недозволено влегува во туѓо и непознато...И тогаш...силно чувство на одбивност го нападна и почувствува дека е време да се врати во својата толку позната сигурност, во школката каде што никој немаше пристап. А убавината зад вратата веќе се закачи за неговото срце...и силно го печеше, го молеше да остане...но, не, ризикот да се остане беше преголем... и полека се повлече назад, во реалноста, во димензијата на јавето кога силна светлина предизвика да ги отвори своите очи...сонот заврши...силниот впечаток остана во деновите што доаѓаа...

3 comments:

Urban Mystic said...

Bravo Eliora!

Urban Mystic said...

Bravo eliora!

Enchanted Forest said...

Mnogu ubavo napishano.Jas se vrativ na blogiranje. Se nadevam ke se citkame pocesto.:)

Followers