Thursday, May 17, 2007

Поглед во себеси...

Во последно време како да сум во постојано трагање по вистински мисли, правилни мисли...мисли што ќе Му бидат угодни на Бог, трагам, а всушност водам војна со мисли силни како река, мисли исполнети со сомнеж, каење...што ќе беше ако беше...и се прашувам дали престојувам во сегашноста или сум закопана некаде во минатото.... ’рти копнеж за нешто повозвишено, поопипливо, пореално, нешто за што можам да се задржам!!
Тешко го голтам впечатокот од хероите на моето време кои оставаат длабока трага или подобро речено копнеж да се досегне предизвикот за многу повеќе... зашто тоа “многу повеќе“ постои, го има во сечие срце, во секое искрено суштествување...
Во секој агол мотиви и начини за повеќе...да се изберат вистинските е вештина!!
Многу брзо ме задушува монотонијата на нештата, редење на моментите....понекогаш толку добро познати, научени на памет... и сакам да ги сменам работите, повторно да бидам своја, незапирлива и полна со страст... и најискрено, верувам дека тоа е можно...искра надеж во сивилото што е толку присутно...во моментот!!

No comments:

Followers