Monday, December 27, 2010

Поглед..

Случајни минувачи ги крадат случајните погледи...ги крадат моите и јас ги крадам нивните...сите се непрогласени крадци на нештата што вредат многу повеќе од сите скапоцености...тажните очи откриваат светови недостапни...радосните ја објавуваат тајната што повеќе не е тајна...трагам по поглед што ќе стане мој...рефлекција од чувства во нечии туѓи очи....

Wednesday, December 22, 2010

израз

Им се препушти на нежните шепотења и се скри во светот што толку добро го познаваше...свет во кој никој немаше пристап...зашто беше само нејзин....само таа и постојаноста на мислите...само таа ги познаваше вистинските лица...без маски и...беше задоволна, беше среќна...само понекогаш кога стоеше цврсто на висините, кои беа реткост...висини со недостапни желби...се изненадуваше кога ќе ја измамеа сопствените размисли за нештата што беа толку опипливи...

Tuesday, December 14, 2010

Врата

Поминувајќи покрај старата дрвена врата нешто го сопре...некаква светлина пробиваше од трулото дупче на вратата. Внимателно погледна лево и десно, да види дали има некој во близина и полека и бесшумно го издолжи окото и како исплашено дете, ѕирна...

Неговата љубопитност растеше кога го откри скриениот свет од другата страна....не очекуваше таква возбуденост....го слушаше силното чукање на споственото срце и мислеше дека ќе експлодира.....повеќе не му беше важно дали некој ќе го забележи...тој уживаше и посакуваше ова чувство никогаш да не престане....се насладуваше од помислата дека е сведок на ваква несекојдневност...еуфорија во неговите сетила...и само каква упорност излегуваше од неговата решеност да остане до крај, без никаква трошка срам. Фигурите немо дефилираа пред него и не беа свесни дека некој ги набљудува, дека некој се насладува од нивната мизерија што сееше љубопитство...и што ако нечујно шетаа неговите мисли, сепак, знаеше дека некој ги слуша...но, не беше важно! Тој сѐ повеќе влегуваше во светот што нудеше нешто сосема поинакво, нешто што толку силно ги скокоткаше неговите сетила, го убиваше силното противење дека недозволено влегува во туѓо и непознато...И тогаш...силно чувство на одбивност го нападна и почувствува дека е време да се врати во својата толку позната сигурност, во школката каде што никој немаше пристап. А убавината зад вратата веќе се закачи за неговото срце...и силно го печеше, го молеше да остане...но, не, ризикот да се остане беше преголем... и полека се повлече назад, во реалноста, во димензијата на јавето кога силна светлина предизвика да ги отвори своите очи...сонот заврши...силниот впечаток остана во деновите што доаѓаа...

Tuesday, November 30, 2010

МИСЛИ

Ги сакам утрата...и онаа тишина што повикува да се смириш и да ги почувствуваш нежните треперења на душата...поглед кон пространството и воздишки безброј...и оној Глас што шепоти и носи надеж за повеќе, скриено некаде...и чека да биде откриено...во внатрешните димензии на битисувањето...

Ги сакам деновите...и предизвиците што се распослани пред моите нозе...и радостите и тагите, солзите и смеата...и поканите да се погледне во нечии други очи, во нечии други срца...и одговорите што носат спокој...

Ги сакам вечерите...и самракот што најавува одмор...и небото што предизвикува воодушевувања...и бескрајот што плени...и посакувањата да допреш барем еден непознат свет...

Tuesday, September 16, 2008

Love and grace

Now we have received from God nothing but love and favor, for Christ has pledged and given us his righteousness and everything he has; he has poured out upon us all his treasures, which no man can measure and no angel can understand or fathom, for God is a glowing furnace of love, reaching even from the earth to the heavens.

Martin Luther

Friday, August 29, 2008

Линии...

Барајќи те меѓу непознатите лица го открив стравот во очите на минувачите во пустината...останува сивата страна на разочарувањето на мостот меѓу мене и тебе...и ја носам таа вистина со години...како белег што ме пече секојпат кога си близу....

Thursday, April 24, 2008

Нешто го растрепери моето срце...
Поглед внатре во скриената одаја на суштествувањето...
Растргање на завесата што ја крие светлината...
...светлина што ме открива...
Чувства заборавени во подрумот на осаменоста...
...прашината ги покрива...вешто ги крие...
И се редат денови на сивило....повторна битка за нешто повеќе...
Пораз на мојата слабост...
Триумф на твојата сила...
...огнени копја во мојата душа!!

Followers