Tuesday, December 14, 2010

Врата

Поминувајќи покрај старата дрвена врата нешто го сопре...некаква светлина пробиваше од трулото дупче на вратата. Внимателно погледна лево и десно, да види дали има некој во близина и полека и бесшумно го издолжи окото и како исплашено дете, ѕирна...

Неговата љубопитност растеше кога го откри скриениот свет од другата страна....не очекуваше таква возбуденост....го слушаше силното чукање на споственото срце и мислеше дека ќе експлодира.....повеќе не му беше важно дали некој ќе го забележи...тој уживаше и посакуваше ова чувство никогаш да не престане....се насладуваше од помислата дека е сведок на ваква несекојдневност...еуфорија во неговите сетила...и само каква упорност излегуваше од неговата решеност да остане до крај, без никаква трошка срам. Фигурите немо дефилираа пред него и не беа свесни дека некој ги набљудува, дека некој се насладува од нивната мизерија што сееше љубопитство...и што ако нечујно шетаа неговите мисли, сепак, знаеше дека некој ги слуша...но, не беше важно! Тој сѐ повеќе влегуваше во светот што нудеше нешто сосема поинакво, нешто што толку силно ги скокоткаше неговите сетила, го убиваше силното противење дека недозволено влегува во туѓо и непознато...И тогаш...силно чувство на одбивност го нападна и почувствува дека е време да се врати во својата толку позната сигурност, во школката каде што никој немаше пристап. А убавината зад вратата веќе се закачи за неговото срце...и силно го печеше, го молеше да остане...но, не, ризикот да се остане беше преголем... и полека се повлече назад, во реалноста, во димензијата на јавето кога силна светлина предизвика да ги отвори своите очи...сонот заврши...силниот впечаток остана во деновите што доаѓаа...

Tuesday, November 30, 2010

МИСЛИ

Ги сакам утрата...и онаа тишина што повикува да се смириш и да ги почувствуваш нежните треперења на душата...поглед кон пространството и воздишки безброј...и оној Глас што шепоти и носи надеж за повеќе, скриено некаде...и чека да биде откриено...во внатрешните димензии на битисувањето...

Ги сакам деновите...и предизвиците што се распослани пред моите нозе...и радостите и тагите, солзите и смеата...и поканите да се погледне во нечии други очи, во нечии други срца...и одговорите што носат спокој...

Ги сакам вечерите...и самракот што најавува одмор...и небото што предизвикува воодушевувања...и бескрајот што плени...и посакувањата да допреш барем еден непознат свет...

Tuesday, September 16, 2008

Love and grace

Now we have received from God nothing but love and favor, for Christ has pledged and given us his righteousness and everything he has; he has poured out upon us all his treasures, which no man can measure and no angel can understand or fathom, for God is a glowing furnace of love, reaching even from the earth to the heavens.

Martin Luther

Friday, August 29, 2008

Линии...

Барајќи те меѓу непознатите лица го открив стравот во очите на минувачите во пустината...останува сивата страна на разочарувањето на мостот меѓу мене и тебе...и ја носам таа вистина со години...како белег што ме пече секојпат кога си близу....

Thursday, April 24, 2008

Нешто го растрепери моето срце...
Поглед внатре во скриената одаја на суштествувањето...
Растргање на завесата што ја крие светлината...
...светлина што ме открива...
Чувства заборавени во подрумот на осаменоста...
...прашината ги покрива...вешто ги крие...
И се редат денови на сивило....повторна битка за нешто повеќе...
Пораз на мојата слабост...
Триумф на твојата сила...
...огнени копја во мојата душа!!

Monday, February 04, 2008

Ми остави длабока рана...
твојот тежок поглед...
Онака силно ме прободе...
и ме остави нема...
Посегнувам по тебе...
уште еднаш силно те зграпчувам...
За да те почувствувам...
Празно бреме ми натежнува...
Дали си тоа ти, таго?

Thursday, January 03, 2008

СНЕГ

Кога врне снег
Како да се обидува небото
Да ми ја потрупа тагата.

Кон сртот јазат елени
Не од снег
Туку од тага

Побелени.

Михаил Ренџов




РАЗДЕЛБА

Заминуваш и не се вртиш.
Страв прастар страв од скаменување
Е она што во тебе ’рти
ко бол од едно одминување.

Заминуваш и носиш многу
во таа своја нема закана
без пораки без прошка и без збогум
смраморена и неизнаплакана.

Заминуваш заитана без глас
со прпот на преплашена препелица
Исчезнуваш во невратка и в час
стануваш сенка во невиделица.

Гане Тодоровски


Friday, December 07, 2007

Како и секој ден, така и овој ден почна..со блага меланхолија потопена од есента во мене и околу мене...сè си врви по некаков си веќе определен тек...нежно ги газам жолтите лисја за да не им предизвикам поголема болка од онаа што ја имаат...онака распослани на ладниот тротоар... и чувствувам како да газам по нечија душа...или тоа е мојата, рефлектирана во овие немоќни лисја..
Во мене парадираат секакви желби, фантазии, кои ме носат онаму каде што е радоста,онаму каде што сè е возможно и мило...
Полека се одминувам со случајните минувачи и се обидувам да им ги прочитам приказните во очите, кои тие вешто ги кријат!!

Thursday, November 22, 2007

"Prayer takes place where heart speaks to heart; that is where the heart of God is united with heart that prays. Thus knowing God becomes loving God, just as being known by God is being loved by God".
Henri Nouwen

Обид!

Во своите монолози вешто ги прикриваше грубостите што ја опкружуваа наоѓајќи утеха во самата сила на постоењето..но, не беше доволно...и’ требаше повеќе, многу повеќе отколку што замислуваше..
и’ бегаа спомените што ги чуваше длабоко скриени во нејзината потсвест...полека стануваа бледи и осамени...
Често разговарајќи со својата осаменост, покриена со заборавот на времето, иташе кон надежта која ветуваше нешто сосема поинакво, нешто цврсто и сигурно... а безбројните патокази ја збунуваа...плашливо погледнуваше..секој миг очекувајќи дека ќе го види знакот што толку и’ беше потребен...

Friday, October 19, 2007

In memoriam

....Засекогаш ќе остане единствен...

Thursday, September 13, 2007






...Поглед кон небото...облаците мирно пловат по небескиот свод...
... ме прават љубоморна...
...ме предизвикуваат....
...ме занемуваат...
...ме смеат...

Wednesday, August 08, 2007

Минатото се повторува, а јас ја посакувам иднината...барам ли премногу?
Скок во времето исполнето со очекувања што ме преплашуваат...
Ја совладувам сопствената збунетост и продолжувам...во правец...непознат!

Followers