
Во оваа тишина се обидувам да ги пронајдам зборовите што ќе ја обелоденат сувата вистина...за разочарувањата што потајно и скришно плетат гнездо во одаите на неодговорените очекувања...гребат болките наталожени и оставаат неспокој...
Камбани во срцево...позната смиреност во душа..
Наметка од милост покриено...
Лице...
Извајана творба во Неговите раце..
Подадено пред небесниот свод...